Сега и Заев и Владата ќе ја решаваат дивоградбата кај „Мавровка“

Со големата бетонска дивоградба кај трговскиот центар „Мавровка“ ќе се позанимава и Владата откако за неа решение не наоѓаат општините Чаир и Градот Скопје. Ова денеска го најави мандаторот за составот на новата влада Зоран Заев кој при престојот во Македонска Каменица изјави дека уривањето на дивоградата ќе им биде една од првите задачи.

-Прво треба да се зафатиме со новите чекори во врска со ковид-кризата, тоа значи прво образованието и детските градинки, развојот на четвртиот пакет на мерки кои верувам со новиот министер за финансии и со другите економски ресори, синдикатите, работодавците ќе ги развиеме. Една од првите работи е и да падне објектот пред „Мавровка“ затоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, да разработивме идеи и верувам дека ќе ги утврдиме заедно со правните прописи, изјави Заев.

Познато е, општина Чаир со недели не може да најде фирма која преку добивањето на тендер ќе се нафати со уривањето на дивоградбата за кој се уште не се откри кој е сопственикот. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, пак, неодамна изјави дека тие го обелодениле случајот кој треба да го реши општина Чаир. Тој тогаш рече дека постои и опција Државниот градежен инспекторат да преземе активности и ингеренции за отстранување на дивоградбата.

Сепак, среќа, сега за решавање на проблемот се зафати лично Заев…

Претходна вестВо три сообраќајки повредни тројца моторџии
Следна вестПетмина починати и 159 новозаразени со вирусот во Македонија