Секој ден се полошо: 15 починати и речиси 1.100 нови заразени

Во последните 24 часа 15 лица починаа: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.

Направени се 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на ковид-19: Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци и Свети Николе – по 4, Пробиштип – 3, Неготино и Пехчево – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 91 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705, од кои во Скопје 2.520.
Претходна вестБугарија ќе ни донира над 51 илјада вакцини „Фајзер“
Следна вестНедореченост на мерките – со сертификат за вакцина од мама, тато , дедо може да влезете во мол