Секој пети казнет возач во Скопје возел пребрзо

Пребрзото возење и натаму е најчест прекрошок кој го прават возачите на скопското подрачје. Ова го покажуваат и полициските конторли направени во текот на изминатово деноноќие од кои произлегува дека секој пети казнет возач возел пребрзо над дозволените 50 километри на час.

-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР.

Освен ова, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 13 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Претходна вестОд грип до 3 јануари вкупно заболеле 379 лица
Следна вест319 казни за неносење на заштитни маски