Секој со свој домашен есап – кој ќе излезе на пазар?

Лидерите на двете најголеми партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски денеска уште еднаш со различни ставови за тоа че има ли превредемни парламентарни избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е убеден дека порано или подоцна ќе дојде до предвремени парламентарни избори, на кои инсистира опозицијата иако актуелната власт, вели тој, не сака да си замине зошто е свесна дека ќе треба да одговара.

-Не очекувам дека тоа ќе го прифатат и едноставно ќе заминат, затоа што се свесни дека после тоа следува одговорност. Но, затоа сме ние опозиција, затоа ја добивме довербата од народот на минатите локални избори, тоа ќе се случеше и на предвремените парламентарни да беа оној грабеж и масовен брутален поткуп што се случуваше со картичките. Но, подоцна или порано ќе се случат тие парламентарни избори, а потоа следува одговорност за сите овие погрешни политики што македонскиот народ и граѓаните се сведоци изминатите четири години, изјави денеска Мицкоски од Гостивар каде што со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари учествуваат на трибина по повод 21 февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик.

Во моментов не ни се потребни избори, избори ќе има, но во 2024 година, порача премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Беса, Христијан Мицкоски и Билал Касами, по која тие рекоа дека имаат план и стратегија за да се дојде до предвремени парламентарни избори.

Ковачевски рече дека смета оти сега треба да бидеме единствени во однос на справувањето со најголемите предизвици со оглед дека сме во кризна година.

Исто така, тој посочи и дека нема да седне на лидерска со Мицкоски доколку ВМРО-ДПМНЕ бара единствено да се разговара за предвремени избори.

Претходна вестПосле мај, патарина од Скопје до Штип во еден правец ќе биде 160 денари
Следна вестТестирани 1.318 – 234 нови заразени и 17 починати