Села и Гаши поднеле интерпелација за Спасовски за „театарот“ со Мијалков

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за исчезнувањето и појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Зијадин Села и Африм Гаши, како лидери на двете партии во коалицијата рекоа дека ќе поддржат и гласање за доверба на Владата и создавање ново парламентарно мнозинство, како што предлага најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ..

-Два дена се прави театар. Исчезна Мијалков, па се појави и кажа дека имал температура. Една ноќ претходно цело семејство, синовите, не знаат каде е татко им, а најскандалозно е дека Сашо Мијалков доби домашен притвор. Тоа е  доказ за договор меѓу Мијалков и Заев. Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со Владата, изјави Села.

Претходна вестРезултати за „Јавна соба“ до 8 март – во спротивно насилниците се охрабруваат
Следна вестВо секоја петта сообраќајка учествувале моторџии, ќе внимаваат ли повеќе пролетва?