Семејствата на осудените за 27 април: Не бараме милост, само бараме правда во фер, правична и непристрасна постапка

Не бараме милост, само бараме правда во  фер, правична и непристрасна постапка. Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме шанса за да ја докажат својата невиност, се наведува во денешното писмо до македонската јавност од семејствата на осудените за 27ми април.

Во отвореното писмо коешто се дистрибуира преку социјални мрежи, седум години по настаните во македонскиот парламент, тие наведуваат дека нивните блиски се неправедно осудени.

-Неподносливо е по седум години да слушаме како  се манипулира со јавноста дека нашите најмили извршиле тероризам ама не кажуваат дека сториле тероризам без оружје,   неиздржливо е да  се молчи дека се осудени за кривично дело против државата и дека се прогласени за државни непријатели. Граѓаните, од прв до последен треба да знаат дека во монтираниот политички процес нашите се прогласени за  државни непријатели и дека се политички затвореници. Во Македонија седум години издржуват затвор политички затвореници. Сакаме да порачаме дека не само кај нашите најмили, не само кај нас  семејствата туку  и во македонското општество засекогаш  ќе останат раните од  политички монтираниот судски процес. Нашите најмили,  прогласените  државни непријатели и политички затвореници ќе бидат живи споменици на едно историско време за  Македонија, се наведува во писмото.

Семемјствата потенцираат дека и по седум години не прифаќаат дека затворените кои се  нивни деца, сопрузи и татковци се непријатели на државата..

-Не ја  прифаќаме осудата за кривично дело против државата, не прифаќаме дека е нормално во 21 век  во Македонија  седум години  да има политички затвореници. Тешко ни е кога сите коментари се сведуваат на погрешна терминологија тероризам, учеството во толпа и физичките напади без докази, го квалификуваа терористичко загрозување. Во Патриотизмот, Русковска и Кацарска видоа непријателска намера со ништо не докажана, потенцираат тие.

Тие додаваат дека водат секојдневни битки, битки  со самите себе, да ги издржат  апсурдите и неправдите и кои се се тешки и секојдневни битки кои траат една вечност.

-Секој ден смогнуваме сила да се справуваме со  болките од  неправдата нанесена на нашите синови, сопрузи, татковци и браќа веќе 6 години затворени. Укинувањето на првостепената пресуда на таканаречените организатори со која беа осудени на казни затвор по 5 и 6 години затвор што е една третина во однос на  драконските казни на кои  беа осудени  нашите најмили и  враќањето на  предметот  на  повторно судење,   ни даде тронка надеж и за нашите, надеж дека и нашите ќе имат можност и право на фер судење, со враќање  на предметот  на повторно судење и за нив. Не бараме мислост, само бараме правда во  фер, правична и непристрасна постапка. Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме  шанса за да ја докажат својата невиност. Би сакале  да апелираме, како семејства на неправедно осудените кои си ја сакат татковината,  Врховниот суд,  само темелно да го разгледа нашиот случај, да ги разгледа  прекршувањето   и повредите  на кривичната постапка, темелно да ги разгледа доказите за тоа дали е докажано надвор од разумно сомневање дека нашите најмили имале намера да го загрозат уставниот поредок на Република Македонија. Не бараме мислост, само бараме шанса за фер судење, наведуваат семејствата.

 

Претходна вестСлаба проценка: Требаше да изберат 2.223 членови на Работната група за уставни промени
Следна вестЖена и малолетно девојче повредени по судир со возач од Грчец