Сепак имало дивеење на студентите во „Десарет“: Се фрлале прозорци, од лустери се пиело…

На социјалните мрежи се појавија нови снимки од дивеењето на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“.

Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал„24сата.хр“.

-Тоа беше вистинска руина. Сите дојдовме да се опуштиме, а некои претераа малку, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа се’ и уште се фалеа со тоа на мрежите“ изјави  за весникот студент кој учествувал на „Дифовијадата“.

Од хотелот „Десарет“ каде што се случило демолирањето претходно кажаа дека се многу изненадени.

-Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјави претходно хотелскиот менаџер.

На претходните снимки можеше да се види инвентарот на хотелот, скршени стакла, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален… Претставници на дел од студентите претходно демантираа дека тие го извршиле демолирањето.

Претходна вестГрад Скопје: Се работи вештачењето на состојбата со мостот „Беласица“
Следна вестДесетмина возеле без довола, шестмина поминале на црвено, казнети 176 возачи