Северна Кореја се обидела да ја украде технологијата за вакцината на „Фајзер“?

Северна Кореја се обидела да ја украде технологијата за производство на вакцината против ковид-19 од „Фајзер“, објави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на јужнокорејската национална разузнавачка служба.

Алијансата за вакцини ГАВИ претходно овој месец соопшти дека Северна Кореја побарала вакцини против ковид-19, и се очекува да добие најмалку две милиони дози.

Американскиот весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознати со ова прашање, во декември објави дека севернокорејски хакери нападнале најмалку шест фармацевтски компании кои работеле на вакцина против ковид-19 во САД, Велика Британија и Јужна Кореја.

Сè уште не е познато дали севернокорејските хакери успеале да добијат корисни информации од „Фајзер“.

И компанијата Мајкрософт уште во ноември соопшти дека регистрирала обиди на севернокорејски но и други хакери, кои ги поддржуваат државните структури, да украдат вредни податоци од водечките фармацевтски компании и истражувачи кои работат на развој на вакцина против ковид-19.

Претходна вестБез вода делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Следна вестДСЗИ затвори уште една дива ординација во Струга – колку ли ги има?