Шабан Трстена: Бев блиску до смртта, му благодарам на Бога и на медицинарите што ме спасија

Овие три последни денови, јас, односно мојата душа, беше непосредно блиску со смртта, од непредвидливиот непријател Ковид-19. Му благодарам на Бога и на докторите и на целиот парсонал што сега сум жив, се зборови на благодарност кои денеска ги искажа Шабан Трстена, познатиот македонски спортист. Тој веќе петнаесет дена се бори против корона вирусот, а сместен е на Клиниката за инфективни болести. Во своето обраќање преку Фејсбук, Трстена, кој е носител на олимписки медал во борење, ги предупредува граѓаните колку тешка опасна билеста Ковид – 19.

-Јас сум спортист на 20-от век во нашата држава Македонија, а веќе поминувам 15 дена во борба против еден невидлив непријател наречен Ковид 19. Се уште се лекувам во болница и искрено со свои очи ги гледам овие херои облечени во бело. Некои од тие доктори го загубија и својот живот, а сите други продолжуваат да си го ризикуваат животот за да го спасуваат животот на другите од проклетиот корона вирус. Вака овие три последни денови, јас, односно мојата душа, беше непосредно блиску со смртта, од непредвидливиот непријател Ковид-19. Почитувани добри луѓе, ви се колнам во името на БОГА, немојте да мислите дека јас како голем спортист и шампион го совладав овој голем непријател, не, никако, тоа не е точно. Јас не бев никој пред проклетиот вирус, без сила и надеж, напиша Трстена.

Тој искажа голема благодарност за тоа што успеал да ги преброди најтешките моменти.

-Му благодарам само на Бог, дека тоа било пишано што денес што сум жив и дека од денес се чувствувам многу подобро. Секако дека благодарноста од се срце им оди на моите лекари и нивниот персонал, хероите, кои ми помогнаа и се грижеа 24 часа секој ден и секоја ноќ. Ви благодарам од се срце и на сите пријатели од цел свет за убавите зборови и молитви и големиот БОГ што ги слушна вашите молитви за мојата болест. Амин. Чудно ми е, како тие имат големо срце, влегуват од соба во соба, одат од човек до човек, се жртвуваат себеси со заразната болест од коронавирусот, своите најблиски, само да не лекуваат нас. Овие херои заборавија дека имаат свои деца и заборават дека имаат одмор, дека треба да јадат и да спијат навреме. Ако некој треба да биде прогласен за херој во оваа борба против непријателот корона вирусот, без сомнение тоа треба да биде целиот болнички персонал, почнувајќи од лекарите, медицинските сестри и целиот персонал кој е на фронтот против невидливиот непријател, што го нарушува животот во целата планета, потенцира Шабан Трстена.

На крајот, тој упатува конкретне апел до премиерот и целиот државен апарат да им се оддаде признание на медицинските работници.

-На овие големи херои облечени во бело треба да им дадеме мотивација и бидат наградени, украсени со највисоки државни почести. Ова ќе се запишува и ќе ја кажува историјата низ вековите. Ова ќе биде меѓународна гордост на нашата мала земја, но од големо срце што знае да ги цени и наградува големите херои, во овој случај лекарите. Бог да го благослови нашиот народ, нагласи Трстена.

Претходна вестНема нови мерки – следниот состанок на Комисијата за заразни болести е во вторник
Следна вестЗа недела – неработен ден ќе почекаме до 1 јануари 2022