Шаќири: Не се пријавуваат автори за учебник по Македонски јазик во трето одделение, за 80 отсто од предметите ракописите се доставени

Очекувам овој 1 септември да бидеме поподготвени со учебниците од сите претходно. Сигурен сум дека МОН ќе го даде максимумот за се да биде навремено и учебната година да не почне со подготвителни материјали за предметите што веќе имаат одобрени учебници. За повеќето, 80 проценти од предметите, веќе има доставено ракописи, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставници на СОНК и на Американската федерација на наставници тој рече дека проблем со учебниците може да има за предметите за кои не се пријавуваат автори на повиците за учебници.

-На неколку повици не се пријавиле автори за Македонски јазик во трето одделение и ќе се бара најитно решение за да го има на 1 септември. Истото се случува и за шесто одделение каде што има нови програми. Решението, ако треба, ќе се бара и со и со подготвителни материјали. Значи, може да имаме проблеми, но не верувам за сите предмети зашто веќе имаме ракописи. Може да се за еден, два или три предмети, но не можам да предвидам и верувам дека и за нив не треба да има проблеми, рече Шаќири.

Тој објасни дека учебникот по Македонски јазик за петто одделение, кој стигна на крајот на учебната година, доцнел зашто  на три повици немало пријавени автори, а на четвртиот (во август) се пријавил авторски тим со предложен ракопис.

-Потоа тој двапати бил вратен на корекција од страна на Бирото за развој на образованието (БРО) заради усогласување на содржината со новата наставна програма за тој предмет за петто одделение. Националниот совет за учебници има одобрено учебници за сите предмети во основното образование, освен за тие што последни дојдоа, што се малку на број, за еден или два предмета… Сите учебници за прво, второ, четврто и петто се одобрени и веќе имаме започната постапка, која завршува за брзо. Не можам да предвидам какви ќе бидат наредните постапки, но се ако се заврши според пропишаните временски рокови сите учебници ќе се достават навремено, рече Шаќири.

Претходна вестПронајден починат затвореник во „Идризово“
Следна вестАпасиев: Сега Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство