Изгледа дека Израел се обидува да ја исчисти Газа од Палестинците, соопшти високиот комесаријат на ОН за палестински бегалци. Филипе Лазарини известува за „ЛА Тајмс“ дека Израел користи воена офанзива и наредби за евакуација за да ги отстрани цивилите од енклавата.
– Настаните на кои сме сведоци укажуваат на обиди за преселување на Палестинците во Египет, без разлика дали тие ќе останат таму или ќе се преселат на друго место. Обединетите нации и неколку земји-членки, вклучително и САД, одлучно ги отфрлија сите обиди за раселување на жителите на Газа од Појасот, додаде тој.
Според него десеткувањето на северна Газа и раселувањето на милиони жители на Газа на југ е првата фаза од тоа сценарио и веќе дојде до својот крај.