Шекеринска: Треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени, се плашат дека по тоа, ќе има нови барања

Треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања, изјави денеска поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Таа зборуваше на дебатата „Европски фронт“, организирана по повод годишнината на ДУИ во хотелот „Александар палас“ во Скопје

-Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања“, вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“, предупреди таа.

Според Шекеринска, војната во Украина ја сменила геополитичката карта за проширување на ЕУ.

По толку години, избира да биде оптимист, но сепак смета дека многу е потешко за малите држави, кои, како што вели, мора да знаат да ја читаат геополитичката карта.

-Кога големи држави прават стратешки грешки, тоа е грешка и има цена, но кога мали држави прават грешки, тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат дека летоска нѐ очекува многу тешко лето. Во најдобро сценарио, влегуваме во продолжен период на геополитички ривалитет. Треба да знаеме кај сме. Според мене, фер е да ги поставиме отворено прашањата. Дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта, па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е да, рече Шекеринска.

Претходна вестСилувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му
Следна вестПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го потврдија ставот за неменување на Уставот