Тешка сообраќајна несреќа синоќа околу 22 часот се случи во скопска Кисела Вода, во близина на комплексот на општината.
Од МВР информираат дека било пријавено дека на крстосница од булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Петар Делјан“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д. на 61 година од Скопје, и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот М.И. од скопското село Батинци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д., на 26 години од Скопје, сопатничка во возилото „Опел“, и Х.И., на 42 години од Батинци, исто така сопатничка во возилото „БМВ“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило 53-годишната В.Д. од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „БМВ“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.