Шест пожари на отворено се регистрирани низ државава изминатото деноноќие, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија.
Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ.
Останатите два се евидентирани на гевгелиска територија. Дива депонија горела во регионот на индустриската зона „Блок техно“, а пожар зафатил и деградирана ниско стеблеста шума на „Мрзненски рид“.
Сите шест пожари се изгаснати.