Шест пожари на отворено низ државава изминатите 24 часа

Шест пожари на отворено се регистрирани низ државава изминатото деноноќие, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија.

Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ.

Останатите два се евидентирани на гевгелиска територија. Дива депонија горела во регионот на индустриската зона „Блок техно“, а пожар зафатил и деградирана ниско стеблеста шума на „Мрзненски рид“.

Сите шест пожари се изгаснати.

Претходна вестДарио Ивановски постави нов македонски рекорд на ЕП во Рим
Следна вестДедо во инвалидска количка заврши во болница откако бил удрен од автомобил