Шестмина кавадарчани два дена биле завеани во прилепско село – напладне се извлечени живи и здрави

Шест лица на возраст од 24 и 25 години од Кавадарци кои два дена беа завеани во прилепското село Вепрчани, денеска напладне се извлечени од селото, соопшти МВР.

Во акцијата учествувале полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина и екипа на Територијалната противпожарна единица.

Шестмината спасени биле заглавени во селото поради снежни наноси и не можеле да излезат.

Сите се во добра здравствена состојба и со возила на граничната полиција и на противпожарната единица биле однесени во Прилеп, од каде заминале во своите домови во Кавадарци.

Претходна вестКако да се преживее со минималец кога синдикалната кошничка е над 500 евра?
Следна вестПо фалсификат маски и тестови, во ЕУ се појавија и лажни вакцини против ковид-19