Вчера попладне полицијата во Гостивар уапси шест лица поради сомнение дека граделе објект без потребните документи, извести МВР.
– На 06.07.2023 во 18.50 часот на улица „Никола Тесла“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 43-годишниот Б.С., 55-годишниот Ш.З., 55-годишниот И.Х. од Гостивар, 43-годишниот Н.А. и 49-годишниот И.Ц. од гостиварско Србиново и 41-годишниот Ф.С. од гостиварско Чегране, поради сомнение дека на истата улица граделе објект без потребните документи, се наведува во соопштението на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.