Шевченко воодушевен од победата на Украина во Скопје

Фудбалската репрезентација на Украина со голем пресврт, синоќа ја победи Македонија во Скопје. Македонија имаше предност од два гола по првиот дел, на крајот Украина славеше со 2:3.

Украинците во периодот од 62 до 83 минута постигнаа тр гола со која освоија важни бодови, во траката за пласман на ЕУРО 2024.

На вавата победа не остана рамнодушен ниту легендарниот фудбалер и поранешен селектор, Андриј Шевченко. Тој на социјалните мрежи им ја честиташе победата на фудбалерите и на поранешниот соиграч од Динамо Киев, Сергеј Ребров.

„Одлична настап и карактер на нашиот тим, заслужена победа по неверојатен кам-бек во второто полувреме. Честитки до Ребров за победата на дебито, прва од многуте што доаѓаат“, напиша Шевченко на „Инстаграм“.

Претходна вестГерасимовски: Уништувањето на детските игралишта e тажно и срамно
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите