Шилегов пак даде нов датум за отворање на ЈП „Лајка“

Претстојната среда е новиот термин на стартот на стационарот за бездомните животни „Лајка“. Ова денеска го најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов при што пак наведе еден услов кој може да предизвика ново одложување.

-Стационарот ќе биде отворен во среда, доколку никој од вработените не биде позитивен на Ковид-19. Во моментов се врши тестирање на вработените. Се надевам дека никој од седумтемина вработени нема да биде позитивен на тестот. Објектот е готов и прекрасно изгледа, рече Шилегов.

Ова е најнов датум за отворање на стационарот по неколкуте кои шилегов ги најавуваше ,а кои постојано се одлагаа.

По термините „кон првата половина на септември“, на најавата дадена на 17 јуни дека отворањето ќе биде „за една седмица“ и онаа од 2 јули дека „отворањето ќе биде за кусо време“, последа беше најавата за октомври…

Претходна вестВидоа не се гради гасоводот, па трасата на Водно им стана патека за крос возење
Следна вестФилипче: Инфективните одделенија беа преполни пред две-три недели