Во Скопје во последно време се нешто се најавуваат или помпезно почнуваат да се градат работи кои долго му фалат на главниот град. Предизборие е. Најново е дека почнува да се гради нов, прв, висечки мост на улицата Љубљанска во скопската општина Карпош.
Како што соопшти градоначалникот Петре Шилегов овој мост се реализира со прераспределбата на средствата на ТАВ за изградба на каргоаеродромот во Штип.
-Град Скопје доби околу 380 милиони денари за изведба на овој мост – прв висечки мост, архитектонско чудо, рече Шилегов.
Градскиот татко кому набрзо му завршува мандатот најави дека изградбата на мостот ќе завршела за околу 18 месеци. Со изградбата на новиот мост преку реката Вардар ќе се поврзат улицата Љубљанска и булеварот Илинден со улицата Скупи во општината Карпош.