Шилегов пушти пешачки мост преку Вардар – и прогласи победа над лажниот барок

На местото каде беше планирано Панорамското тркало, дел од проектот Скопје 2014, од денес има пешачки мост.

-Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Тој вели дека овој мост е победа на модерно Скопје наспроти лажното барокно минато и проектот Скопје 2014. Мостот ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова до 2024 година.

Претходна вестПетровска: Има решение за депонијата Вардариште
Следна вестГрадоначалникот Темелковски: Секогаш му помагам на Општинскиот Сојуз на Борци од НОБ, го негуваат партизанскиот непокор