Шилегов смета дека е време да се врати забавниот парк на градската агенда

 

Скопје ќе добие нов забавен парк. Ваква најава слушавме веќе неколку години, ама денеска во предизборието градоначалникот на Град Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов, истакна дека веќе се е подготвено проектот да се реализира. Тој појасни дека неговата изградба била одложена со консензуална одлука на Советот на Град Скопје на почетокот на светската пандемија на Ковид-19.

– Сметам дека е време да го вратиме забавниот парк на агендата на градот и да започнеме со градба кон крајот на годинава, истакна Шилегов. Тој појасни дека за забавниот парк Градот има обезбедено проект, обезбеден буџет и соодветен план.

Според планот забавниот парк ќе се наоѓа на истото место како стариот Луна Парк на парцела со иста големина.

-Предвидени се 27 реквизити, односно содржини, за три различни возрасти на деца. Детски дел, семеен и екстремен. Адреналинските содржини од екстремниот дел за најголемите деца ќе можат да бидат користени и од повозрасните. Како на пример ролеркостерот кој ќе биде најголемиот на Балканот, а ќе можат да го користат и возрасните, истакна градоначалникот.

Шилегов најави дека тендерот се распишува по изборите, паркот треба да биде готов летото 2023 година, односно за 18 месеци, а се очекува самиот да се исплати за три години.

Претходна вест(ФОТО) Ако не може Вардар, да ја направиме улица „Македонија“ пловна?
Следна вестСкопјанец казнет со 2.000 евра – заразен со ковид дошол во суд