Шилегов во Скопје најавува дека улицата кај „Рекорд“ и Собрание ќе стане пешачка зона

Градоначалникот на Скопје и кандидат за уште еден мандат, Петре Шилегов го претстави планот за затворање на Малиот Ринг во Скопје, со што ќе се добие најголемата пешачка зона во Европа. Тој предвидува затворање на улицата „11 Октомври“, односно „Димитрија Чуповски“ (од Собрание до Палома Бјанка) со што се добиваат 730.000 метри квадратни зона во којашто автомобилите нема да бидат присутни. На овој потег од улицата ќе биде овозможено движење исклучиво за автобусите на БРТ системот.

Со тоа пешаците слободно ќе се движат од Стара Железничка се до крајот на Бит Пазар и од Собрание до крстосницата кај Палома Бјанка.

Шилегов вели дека Градот Скопје го ослободува овој простор од автомобили по примерот на европските метрополи. Се планираат и три кружни тека – пред и по надвозникот кај Црниче и Кисела Вода и третиот кај зградата на поранешна Нова Македонија.

Претходна вестЌе се прави целосна ревизија на работните места со бенефициран стаж
Следна вестОд утре почнуваа парно греење во Скопје