Школо ќе има од 1 септември – а како, зависи од состојбата

Учебната година ќе почне на први септември, но нема одлука дали ќе биде со физичко присуство.

Од Министерството за образование и наука информираат дека досега од вкупно 31.447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60% и апелираат наставниот и останатиот кадар во училиштата да се вакцинира.

Што се однесува до тоа како ќе се одвива наставата, од МОН повторуваат дека има три сценарија: првото е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно сите усвоени протоколи, второто е наставата да биде како и во 2020/2021 којашто се покажа како успешна и ефективна – дел од учениците да посетуваат настава со физичко присуство под посебни протоколи, а дел да реализираат онлајн настава и третото сценарио предвидува ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање.

Од таму наведуваат дека кое од трите сценарија ќе се применува ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести.

Претходна вестДосега за влез, сега за излез: На Табановце се чека еден час
Следна вестСо тешко срце се откажаа од концертот, ама не и од прославата за Рамковниот во хотелска сала