Шкупи во дербито на колото домаќин на Шкендија

Денеска се играат мечевите од 30-тото коло во домашниот фудбалски шампионат. Во завршните три кола се решава епилогот во битката за титулата.

Лидерот Струга попладнево го пречекува Силекс и со евентуална победа ќе направи крупен чекор кон освојувањето на трофејот.

Во вториот меч кој предизвикува најголемо внимание Шкупи на стадионот Чаир е домаќин на Шкендија.

Работнички против Брегалница ќе се обиде да ја продолжи серијата натпревари без пораз додека Македонија ЃП треба да има лесна задача во соочувањето со Победа.

Во последниот натпревар од денешната понуда Академија Пандев во Струмица ќе се соочи со Тиквеш и со евентуална победа дефинитивно ќе обезбеди опстанок во елитното друштво.

Сите натпревари почнуваат во 17 часот.

Претходна вестМасакр пред трговски центар во Тексас: 8 лица загинати, 7 ранети
Следна вестСпасовски: Да се биде припадник на МВР претставува посебна чест и огромна одговорност