Шприцови и дрога се откриени во возило на две лица од Дебар, кои престојувале во автокамп на брегот на Охридското Езеро. Против нив ќе биде поднесена пријава.
-На 23.07.2023 во 17.10 часот во автокамп на брегот на Охридското Езеро, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода А.Д.(33) и К.С.(26), двајцата од Дебар, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со остатоци од црна течна материја и метален грендер со остатоци од марихуана, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.