Штипјанец фатен во Скопје со „метадони“ кои нелегално ги проддавал

Скопското Основното јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 33-годишен штипјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Од Обвинителството информираат дека во автомобил „сеат толедо“ со штипска регистрација, кое осомничениот го управувал, во Скопје, полициски службеници пронашле 30 оригинални шишенца метадон со вкупен волумен од 300 милилитри.

Опијатот, кој е контролиран како опојна дрога, бил скриен во просторот за резервна гума во багажот на автомобилот.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за опртеделување притвор за осомничениот.

Претходна вестДЗС пресече: Пописот завршува, во 20 часот ќе биде затворена апликацијата за попишување
Следна вестУтре претпладне повторно дожд