Штипјанка лишена од слобода по обид да смени фалсификувани 100 евра

Педесет и шест годишната С.Ш. од Штип вчера била лишена од слобода откако се обидела да размени фалсификувани 100 евра. Банкнотата била одземена за понатамошна постапка.

– Вчера околу 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода С.Ш. од Штип, поради сомнение дека во менувачница во Штип се обидела да размени фалсификувана банкнота од 100 евра, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПолициска акција во тек, запленета голема колична на дрога, уапсени двајца дилери
Следна вестПоскапуваат личните документи: Лицата над 27 години за пасош ќе плаќаат 2.000 денари, за лична карта 310 денари…