Штедете електрична енергија – ни повторуваа со месеци и од централната и од општинските власти. Ама штедат ли тие?
Потребата општините да штедат се јави лани кога на нивните адреси почнаа да пристигнуваат големи сметки за потрошената струја, а која во тој период доби и поскапена цена и нов тарифник. Фактурите кои беа поскапи и за пет-шест пати од претходните беа доволна причина општините да побарата помош, но и да почнат да штедат.
Но, еве во скопски Аеродром (поточно кај ТЦ Бисер) иако уште силно свети сонцето си светат и уличните сијалици? Тие не трошат струја?
Мерки за штедење во август минатата година донесе и општина Аердором. Мерката престана? Има доволно електрична енергија, а и пари во касата да се плати потрошеното и кога не мора да биде потрошено?
А најверојатно само треба да се подеси тајмерот за исклучување на светилките и тие нема да „трештат“ во подоцните попладневни часови кога сонцето се уште не е зајдено. Ако пак тајмерот е расипан (како и многу други работи во земјава) може некој вработен тоа да го подесува рачно.
Но, некој од општина Аеродром треба да даде налог за тоа, а тоа не е многу тешка работа… Или многу полесно е сето тоа да се префрли и наплати од сметките на граѓаните!?