Што би правеле скопските возачи во Брисел?

Големо ограничување на максималната брзина на возење низ европската престолнина. Имено, во Брисел, од 1 јануари, брзината за моторни возила е ограничена на 30 километри на час.

Од градските власти објасниле дека новото сообраќајно правило ќе важи за сите делови на градот и ќе помогне да се намали бројот на несреќите и да се зголеми безбедноста на патиштата.

Уште првиот ден од новата година биле поставени полициски патроли низ градот, како и повеќе нови камери за мерење на брзината. Како што наведуваат тамошните медиуми, повеќето прекршители ќе добијат парична казна, но властите велат дека на оние што ќе го прекршат правилото може дури и да им биде одземено возилото.

Што би правеле таму скопските „подивени“ возачи за кои и ограничувањето од 50 километри од час им е престрого? Вчера на територијата на град Скопје полицијата изрекла вкупно 210 казни од кои 78 биле за управување со брзина поголема од дозволената.

Претходна вестНели требаше Аеродром до сега да има општинска зграда?
Следна вестМајка и син пронајдени починати во стан во Бутел