Што крие Охридското Езеро?

Големи количини отпад – градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, облека… затекнаа нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ во реките Черава, Грашница, Далјан и Сатеска.

Тие беа во подводна екопатрола на реките кои се влеваат во Охридското Езеро во рамки на истоименион проект.

-Состојбата со вливот на реките во езерото е алармантна. Овој проблем е одамна познат во јавноста. Има присуство на големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека, велат нуркачите.

Состојбата што ја евидентираа со подводно фотографирање и снимање, ја претставија на карта со загадени зони.

 

Претходна вестЧекаме реформи од оние кои се за реформирање
Следна вестПратениците се вратија во старата сала, за новинарите влез само ако се вакцинирани