Што се случува, соборено 4-то НЛО, американски генерал не исклучува дека се вонземјани?

Вкупно четири неидентификувани летечки објекти собори американската војска во последните денови над Северна Америка, а еден од нив беше соборен над Канада. Генералот на американските воздухопловни сили кој го надгледува воздушниот простор на Северна Америка рече дека сè уште не е јасно како предметите се движат низ воздухот или од каде доаѓаат. Тој не ја исклучува можноста дека се работи за вонземјани.

Најново, според Американската северна команда во неделата попладне било соборено летало над езерото Хурон во близина на границата со Канада кое се движело на 6,1 километри над земјата и можело да го попречи воздушниот сообраќај, пренесуваат американските медиуми. Неидентификуваниот летечки објект над езерото Хјурон на северот од земјата близу границата со Канада.

– Денеска (недела) во 14,42 часот по времето на источното крајбрежје на САД (20,42 часот по македонско време), по наредба на претседателот Џо Бајден и врз основа на препораките од министерот (за одбрана Лојд) Остин и военото водство (ловец) F-16 лансираше (ракета) AIM-9X и успешно собори објект кој леташе на височина од приближно 20.000 стапки (околу шест километри) во воздушниот простор на САД над езерото Хјурон во сојузната држава Мичиген, се наведува во објавата на Пентагон.

Претходно американските воздушни сили објавија дека собориле летечки објект над езерото Хјурон покрај границата со Канада, што е третиот таков случај во последните три дена или четврти во изминатите осум дена.

-Нашите експерти сега работата на пронаоѓање и собирање на остатоците од објектот и да се дознае повеќе за неговото потекло и намена, додаваат од Пентагон.

Американските борбени авиони соборија уште три објекти на голема височина за исто толку денови. Во петокот беше соборен објект над северна Алјаска, а во саботата сличен објект беше соборен над Јукон во северозападна Канада. Додека на 4 феруари, во САД беше забележан бел кинески балон кој неколку дена лебдеше над копното за да биде соборен дури кога тој излезе над океанот.

Официјалните лица јавно не ги идентификуваа потеклото или целта на овие предмети. Генералот на американските воздухопловни сили Глен Ван Херк кој го надгледува воздушниот простор на Северна Америка рече дека сè уште не е јасно како предметите се движат низ воздухот или од каде доаѓаат. Тој исто така рече дека не отфрлил никакво објаснување, па дури и можност за вонземски живот, односно тоа да е буквално НЛО.

– Ќе ѝ дозволам на разузнавачката служба и на контраразузнавачката служба да го дознаат тоа, им рече генералот Глен Ван Херк на новинарите.

Еден висок функционер изјави за Еј-Би-Си дека трите најнови објекти што биле соборени најверојатно биле метеоролошки уреди, а не балони за надзор. Ова се совпаѓа со тврдењето на кинеските власти.

Претходна вестБраво, Калин пак напредуваше и влезе меѓу првите 500 на АТП листата
Следна вестЌе изгласаат денес нова Влада и потоа ќе си ги скратат патните трошоци?