Нашинците во странство за да добијат нов пасош, ги сликаат мобилни тимови, но поради пандемијата се појавија проблеми поради кои ќе се менува законот со што ќе се продолжи важноста на истечените пасоши до крајот на оваа година.
-Досега на ваков начин со мобилни тимови се издадени над 7 000 патни документи, но има проблем со македонските државјани со истечени пасоши што се во Кина, каде секој што ќе влезе мора да биде 30 дена во карантин. МВР да го продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок. Сепак светот е во кризна ситуација со пандемијата со ковид-19 и мораме да се адаптираме на кризните услови, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.