Штрајк во „Македонски шуми“, иако нема плата за два месеци се вработуваат нови 400 лица

Во генерален штрајк стапија денеска околу 2.000 вработени во државното јавно претпријатие „Македонски Шуми“ во 30 подружници низ државава поради неисплатени плати и други додатоци. Тие обвинуваат дека иако досега им било ветувано дека ќе си ги добијат заработените пари, раководството на претпријатието тоа не го исполнило. Се бара исплата на јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа.

-Штрајкот е организиран по основ на неисплатена јануарска плата, еве февруарската веќе е на прагот, а исто така имаме неисплатени теренски додаток за една година и штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нашите барања. Иако беше на некој начин разговарано, имавме обиди со генералниот директор и ни беше ветувано дека овие барања ќе бидат реализирани, но до денес ништо од тоа не се пствари, барем до овој момент, рече Боби Кукуноски, синдикален претставник на подружницата „Црн Бор“ на „Македонски шуми“ во Прилеп.

Пред неколку денови од Синдикатот истакнаа дека чашата ја прилило и  предизборното вработување во „Македонски Шуми“ на нови 400 лица, а додека останатите вработени немаат редовни примања.

Од раководството признаваат финансиска дупка, но само за овој кус период, затоа и од таму ќе се обратат за помош до владата и ветуваат исплата на јануарската плата најдоцна до среда.

Претходна вестЗаврши сезоната за Елмас во ЛШ, изгуби од поранешниот тренер
Следна вестПрофесорката Силјановска војува против историјата