Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”. Но, сепак, секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, рече дека јавно се оградуваат од било каква политичка поврзаност и мотивираност. Единствениот мотив за штрајкот, како што посочува,  бил што биле доведени до работ на егзистенција. Таа упати порака во името на своите колеги дека нема да се отстапат додека не се решат нивните барања и дека веднаш по изборите ќе побараат решавање на проблемите.

– Во знак на изразување на револт што нашите барања сѐ уште не се прифатени, приватните специјализанти од следната недела, секој вторник за време на својата пауза, во 11 часот ќе се собираат во паркот пред интерните клиники, со цел да покажеме дека сме тука, постоиме и чекаме да се решат нашите проблеми, рече Илиоска Чешлароска.

Околу 400 лекари-специјалзианти штрајнуваат веќе недела дена барајќи зголемување на своите плати, обезбедено здравствено осигурување и друго. Владата на седница во вторникот донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија со кои ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Претходна вестБензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Следна вестШаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на изборите во училиштата ако се најде друго решение