Кошаркарите на Колорадо продолжуваат со позитивните резултати во новата сезона во НЦАА лигата, а одново одличен настап имаше македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски.
Големата македонска кошаркарска надеж го запиша својот најдобар и најефикасен натпревар откако се пресели во Колорадо. Тој во победата над Кал Стејт Фулертон со 83-53, беше меѓу првите стрелци во својот тим, постигнувајќи 17 поени, дополнети со една асистенција и три скока.
Јакимовски против Кал Стејт беше особено шутерски расположен, бидејќи постигна пет тројки, од кои дури четири во првото полувреме, кога Колорадо ја направи високата предност.
Со оваа победа Колорадо остана со максимален ефект од три победи од исто толку натпревари.