Швајцарската банка „Кредит Свис“ имала стотици сметки поврзани со нацистите!

Комисијата за буџет на Сенатот на САД спровела истрага, при што дознала дека швајцарската банка „Кредит Свис“, која неодамна беше спасена од колапс, имала активни речиси 100 досега непознати сметки поврзани со службеници на нацистичка Германија, а кои по Втората светска војна се криеле од законот во Аргентина. Некои од овие сметки биле активни сè до 2020 година.

Сенатот објави два извештаи од кои се дознава дека „Кредит Свис“ држела сметки на 99 лица кои биле чиновници на високи функции во национал-социјалистичка Германија и на членови поврзани со групи на нацистите во Аргентина. Притоа, 70 аргентински сметки биле отворени во банката по 1945 година, а 14 биле активни од неодамна.

Така на пример, сметка во сопственост на нацист осуден за време на судскиот процес во Нирнберг била активна до 2002 година, а банката, сепак, до ден денес не разгласува информации за активите на таа сметка.

Кредит Суис нарача истрага за наводите на група за човекови права дека банката имала сметки поврзани со нацистите и не успеала да ги открие, дури и за време на истрагите поврзани со холокаустот неколку децении порано. Неодамнешната истрага на Комитетот на Сенатот за ова прашање покажа дека банката ја опструирала истрагата и „необјасниво го прекинала“ независниот ревизор кој ја надгледувал, пренесува Н1 Хрватска.

– Информациите што ги добивме покажуваат дека банката воспостави непотребно ригиден и тесен опсег и одби да ги следи новите траги откриени за време на прегледот“, рече републиканскиот сенатор Чак Грасли, рангиран член на Комитетот за буџет на Сенатот.

Банката за ова ангажирала судско-експертска компанија која под контрола на независен адвокат, Нил Барофски, вршела внатрешна истрага, адвокатот напишал извештај за тоа но претходно бил отпуштен без објаснување, а внатрешната истрага била ограничена.

Сенатот побарал извештајот да биде достапен. И по истрагата на Комисијата за буџет, отчетите на банката за сметките на нацистичките службеници станале јавни.

„Кредит Свис“ вети дека ќе продолжи и ќе ја прошири внатрешната истрага, и се согласи да учествува во исплата на дел од судски тужби на преживеаните од Холокаустот вредна 1,25 милијарди долари.

Претходна вестПентагон потврди: Следиме повеќе од 650 НЛО
Следна вестСилјановска: За три децении 36 пати го менувавме Уставот, Американците само 27 за два века