Градот Лулеа во Шведска, каде што живеат околу 80.000 луѓе, почна кампања за охрабрување на жителите – да се поздравуваат почесто меѓу себе. А, тоа особено важи за лицата за кои се вели дека се интровертни личности.
– Да се поздравиш со своите соседи е мал потег, но истражувањата покажуваат дека тоа може да придонесе за подобри социјални врски и позитивно влијае врз здравјето, безбедноста и благосостојбата, се вели во кампањата.
Во видеото што се шири на интернет, жителите на Лулеа со „крути“ лица одеднаш се разведруваат кога случаен минувач им вели „Здраво“.