Шведски град ги поттикнува жителите да си велат „здраво“

Градот Лулеа во Шведска, каде што живеат околу 80.000 луѓе, почна кампања за охрабрување на жителите – да се поздравуваат почесто меѓу себе. А, тоа особено важи за лицата за кои се вели дека се интровертни личности.

– Да се поздравиш со своите соседи е мал потег, но истражувањата покажуваат дека тоа може да придонесе за подобри социјални врски и позитивно влијае врз здравјето, безбедноста и благосостојбата, се вели во кампањата.

Во видеото што се шири на интернет, жителите на Лулеа со „крути“ лица одеднаш се разведруваат кога случаен минувач им вели „Здраво“.

Претходна вестПриведен 27-годишен охриѓанец, бил агресивен кон поранешната 43-годишна девојка
Следна вестПетровска ги посети 35-те македонски војници во Романија: Давате личен придонес за колективната безбедност…