Вредни минерали откриени на неговото подрачје ќе бидат причина за преселувањето на шведскиот град Кируна на нова локација. По откривањето на уникатно богатство овој урбан центар се подготвува за целосна трансформација и преселба.
Во градот неодамна се пронајдени многу вредни минерали, а на почетокот на оваа година беше откриено и најголемото познато наоѓалиште на ретки земјени елементи. Овие специјални елементи се користат за производство на батерии за електрични автомобили и турбини на ветер.
Шведскиот вицепремиер Еба Буш ја нарече оваа земја „рудник за злато“ и го повика остатокот од Европа да ја „научи лекција“. Војната во Украина го принуди остатокот од светот да престане да биде толку зависен од Русите за ресурси, а рудникот за железна руда пронајден во Кируна, управуван од шведската државна компанија ЛАБ, произведува 80 отсто од снабдувањето на Европската унија, така што Европа сепак нема да биде зависна.
Секој ден, од рудникот се вади руда во вредност од шест Ајфелови кули, што предизвикува деформација на почвата. Ова претставува голема закана за градот и ги става жителите во голем ризик. Според локалните извештаи веќе се пронајдени пукнатини во болницата во градот, додека локалното училиште повеќе не се смета за безбедно за учениците и наставниците.
Проектот за преместување на Кируна на нова локација, која ќе се наоѓа на неколку километри источно од сегашниот град, се планира да биде завршен до 2026 година. Еден од најзначајните објекти што ќе бидат преместени како дел од овој проект е иконската црква која е изградена во 1912 година. Викар Лена Тјарнберг ја опиша како „дневна соба на локалната заедница“.