Си купил „бе-ем-ве“ со фалсификувани евра, а сопственикот на возилото видел какви се парите и ги трошел

Жител на селото Шипковица, Тетово, купил „бе-ем-ве“ со фалсификувани евра. Сопственикот на автомобилот иако знаел дека парите се лажни се обидел да ги стави во промет.

Според информациите на МВР,  поднесена е кривична пријава против И.А.(45) од тетовска Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело фалсификување пари.

Пријавениот И.А се сомничи дека во септември минатата година од Б.Е. купил автомобил „бе-ем-ве“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.

Претходна вестЌе ја смират „Адвокатската улица“ – станува еднонасочна
Следна вестЗа нас 103.200 вакцини од КОВАКС кон крајот на февруари