Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 6 јануари 2025 година во 10 часот и 47 минути во Грција кај Пелопонез, а набрзо следеа нови, иако нешто послаби земјотреси.

Земјотресот со јачина од 4,7 степени е регистриран на 97 километри јужно од Патра. Епоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Веднаш следеа два послаби земјотреси со јачина од 3,1 и 2,7 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Претходна вестВо 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок
Следна вестЗемјотрес со јачина од 2,8 степени регистриран ноќеска во Скопје