Утринава силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.
Според информациите, земјотресот е регистриран во 08:55 часот по локално време на длабочина од 8 километри.
Епицентарот е регистриран на 30 километри од Бесни, односно на 55 километри од градот Кахраманмарас.
Засега нема извештаи за повредени или за материјална штета.