Силјановска-Давкова: Народот легитимира, народот и делегитимира, бескрајно благодарам за легитимацијата

Пратеничката и професорка, Гордана Силјановска-Давкова, изрази благодарност за поддршката за потписите кои денес беа собрани од граѓаните за нејзината кандидатура.

-Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени. Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата, порача Силјановска.

ВМРО-ДПМНЕ вчера на Конгрес ја официјализираше поддршката за Силјановска-Давкова, по што таа денес собра над 10.000 граѓански потписи за кандидатурата за претседателка на државата.

Претходна вестСДСМ ја официјализираше кандидатурата на Пендаровски: На граѓаните им треба претседател со јасна европска визија
Следна вестГрадското собрание не е конституирано, во Белград ќе има нови избори