Сиљановска Давкова отповика седум амбасадори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша Укази за отповикување на седум амбасадори.

Станува збор за вонредни и ополномоштени амбасадори во пет земји, и две организации.

Меѓу отповиканите е македонскиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година. За останатите мандатот завршува на 30 ноември годинава.

Отповикани се Данчо Марковски во Албанија, потоа Теуга Агаи Демјаха која е шефица на постојаната мисија на Македонија во Организацијата на ОН во Женева.

Укази за отповикување има и за амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.

Претходна вестПочина неврохирургот Владимир Мирчевски
Следна вестИнженери бараат државата да почне да го гради „Чебрен“