Сиљановска Давкова: Потребен е нов модерен закон за помилување

Потребен ни е модерен закон за помилување во кој ќе бидат опфатени забелешките од Советот на Европа, изјави претседателката Сиљановска Давкова, која за оваа тема деновиве разговарала и со министерот за правда Филков.

Вели дека како претседателка не може да биде предлагач, но оценува дека треба да се земат предвид препораките за зголемување на периодот на помилување кој сега е три месеци, преиспитување на казнената политика, но и евентуални помилувања за доживотно осудените кои се во одминати години.

-Кога човек ќе чуе помилување, мисли дека некој е целосно е ослободен. Овие помилувања се однесуваат на три месеци и еве изјавувам пред јавноста дека една од основните забелешки на нашиот систем на помилувања е многу кусиот период што го овозможуваме. Нема систем, нам ни треба модерен Закон за помилување во кој што суштината ќе биде луѓето затвореници оти помилувањето не е квази-санкција туку разбирање и отворање на пат за еден друг живот, Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија.

Од претседателскиот кабинет претходно објавија дека во традиционалните новогодишнио помилувања се опфатени седум лица, од кои шестмина се во траење од три месеци, додека пак едно лице три месеци и четири дена што во конкретниот случај значи целосно ослободување од извршување на казната затвор.

Последните помилувања од претседателката беа за 23 октомври за десетмина осуденици кои предизвикаа бурни реакции кај јавноста, бидејќи меѓу нив имаше и припадник на нарко-клан вмешан во неколку дела. По овие случувања следуваше колективна оставка на Комисијата за помилување, а новиот состав беше избран на крајот од ноември.

Претходна вестЖена од Крива Паланка си го истепала сопругот за Нова година
Следна вестБлизначки се првите бебиња годинава во Велес