Сиљановска Давкова вети дека ќе обединува и ќе ги претставува сите граѓани подеднакво

Претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова вечерва од митингот во Кисела Вода порача дека ако биде избрана за шеф на државата, нема да прави никаква разлика меѓу граѓаните, по ниту една основа, партиска, етничка, верска или социјална, туку напротив, како што рече, ќе ги обединува и ќе ги претставува сите подеднакво. И не е точно, напомена, дека сме против Албанци, Турци или кој било друг, само не сакаме да правиме пазари врз етничка и верска основа, сакаме еднакво да се однесуваме со сите.

Според Сиљановска Давкова, легитимитетот на претседателот треба да извира од граѓаните и тоа е најдоброто решение за демократијата. Таа повтори дека е против шефот на државата да се бира во Собранието. Потенцира и дека земјава сака да биде дел од европското семејство каде историски, географски и културно припаѓа, но само доколку се почитува нејзината различност, како што се респектираат различностите на членките на Унијата и на другите кандидати за членство.

Доаѓа времето на умните и мудри жени, напомена Сиљановска Давкова напомена, поради, како што нагласи, машката потреба од помош секаде, па и во политиката.

-Македонија не го заслужува ова што и се случува. Немаме право тоа што сме го наследиле да го нагрдиме, имаме обврска да го сочуваме, да го европеизираме и да остенеме горди на единственото место на кое имаме татковина. Да, ние сме дел од Европа, историски, географски и културно и сакаме да биде дел од европското семејство. Како што ги почитувате различностите на оние внатре и на другите кандидати, така да имате ист однос и кон нас. Сакаме да градиме држава по европски модел и европски терк и ве молиме да се залагате за европските стандарди и кога сме ние на дневен ред. Ако сите вие во Европа велите дека Уставот е највнатрешната работа, тогаш ве молиме да имате разбирање и за нашиот Устав зашто тој е закон над законите. Немаме ништо против уставни измени со кои ќе се гарантираат европските стандарди во сите области ама ве молиме, немојте да прифаќате диктати од соседи што се спротвни на европските вреддости и на европското уставно право, бидејќи ние ќе го браниме европското уставно право. Не можам едно да им предавам на студентитите за европското уставно право, а друго да правам во реалноста, истакна Сиљановска Давкова.

Таа дополни и дека нема гордост без национални и државни интереси кои, објасни, се компатибилни со европските.

Сиљановска Давкова се осврна и на уставните измени. Потсети дека не постои држава во Европа која за 30 години имала 36 амандамни, односно измени на Уставот.

Претходна вестПендаровски од Куманово: Овие пет години не зборуваме за меѓуетнички тензии
Следна вестГенерален штрајк на приватни специјализанти, нема да прегледуваат пациенти, да одат во операциони сали..