Сиљановска се сретна со претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се сретна со претставници на организацискиот одбор на Парадата на гордоста.

Како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, претставниците ја информирале за нивните досегашни активности, како и за идните планови кои имаат за цел подигнување на јавната свест за почитување на различностите, а во контекст на остварување на основните човекови права.

– На средбата беше посочена неопходноста за градење на инклузивно општество, заштита на маргинализираните заедници, како и предизвиците со кои се соочуваат и беше нагласена потребата од ефективна примена на законите во делот на заштита од дискриминација, се додава во соопштението.

На 22 јуни 2024 година, в сабота, ќе се одржи петтата по ред Парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Претходна вестСтартуваше 24. Вардарска регата: На Владо Стојановски по 43 години ќе му се исполни желбата да доплови до Солун по Вардар
Следна вестСончево и топло со темепартури до 40 степени