Основното јавно обвинителство Битола спроведе истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава дека силувал девојче на шестгодишна возраст. Како што наведуваат од Обвинителство, тој искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот си играле заедно.
-Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле, се вели во соопштението од ОЈО Битола.
На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.