33-годишник ја претепал мајка му па кршел во станот во кој живеел во Тетово. Тој е задржан во полициска станица.
Вчеравечер околу 22:30 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец К.Б., кој бил пријавен дека еден час пред тоа во станот во кој заедно живееле во Тетово физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка, а оштетил и дел од покуќнината.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.